Преку онлајн формуларот, корисникот може да направи преглед на достапните термини за монтажа во тековната недела, како и да избере термин што најмногу му одговара.
Фестивалот на младо вино, што веќе осум години по ред го организира Тиквеш, е прв и единствен од ваков вид во земјава и има значајна улога во градењето и развојот на винската култура во земјата, но и регионот.
СТЕМ Академија стана дел од реномираните училишта во светот што ги имаат имплементирано Microsoft образовни методологии, програми, практики и технологија.
Повикот за учество во изборот е отворен за сите членки компании на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои сè уште не се дел од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.
Донацијата се состои од специјални болнички кревети со антидекубитни душеци, постелнина и наменски медицински мебел што го сочинувааат наткасни и полици за пациентите и пулт за медицинскиот персонал.
Користењето зимска опрема е еден од условите за безбедно и одговорно да се стигне до саканата дестинација.
Тиквеш лансираше на пазарот два новитети во палетата врвни вина од линијата Special Selection од сортите Виоње и Плавец, коишто за првпат се употребуваат во Македонија, иако се исклучително популарни во други земји.
Емил Милев, директорот на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, е избран за заменик претседател на Советот за товарен транспорт на Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ.
Во просториите на ЦЕЕД Хаб Скопје вчера се одржа изложба и промоција на Студио Ѓердан по повод две години од постоењето на компанијата.
Околу 200.000 жители на Македонија боледуваат од подмолната болест дијабетес којашто директно предизвикува сериозни проблеми со видот.
Новиот концепт освен уреди и услуги нуди и социјализација, забава, мултимедијално искуство и персонален пристап кон секој корисник.
Оваа активна зона е втора донација во Скопје, по првата, која минатата година беше отворена во Општина Гази Баба и којашто истовремено го означи стартот на долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca - Cola.
Програмата е поделена во три целини, во рамки на кои ќе се зборува за е -трговија (omnychannel, payment processors, analytics), перформанс маркетинг (PPC, conversions, optimization) и содржина (social media, influencer marketing, monetization).
Среда, 15- ти ноември 2017 година, почнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, којашто ќе трае сѐ до 15 март наредната година.
Традиционалното тавче гравче и корнишоните на македонскиот бренд MAMA’С се закитија со два златни медала и Диплома за квалитетен и оригинален пазарен производ на меѓународниот саем што се одржува во Интер експо центарот во Софија.
Граѓанските организации од Македонија ќе добиваат мали грантови за реализација на активности кои ќе поддржат креирање инклузивна средина за децата Роми во образовниот процес во девет општини во државата.
Пакомак заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање и СНС Ре-Пласт спроведе големата хуманитарно - еколошка акција Едно капаче - една надеж+.
Еуролинк на семејствата им овозможува да одберат и покривање на трошоците за породување, за офталмолошко и стоматолошко лекување во приватни здравствени установи по избор на клиентите.
Макпрогрес е апсолутен лидер со своите производи на пазарите во Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, а на бугарскиот пазар во последно време се зајакнува пласманот.
Новите припејд корисници добиваат едно пакување со две припејд СИМ картички и тоа за само 300 денари при што секоја од нив има вклучен кредит од 300 денари, наместо редовните 150 денари.
Со купување на Dell лаптоп од моделите Inspiron, XPS, Alienware, што содржи гарантен лист од ИТД Дистрибуција во периодот од 06-ти ноември до 25-ти декември, потрошувачите стануваат дел од хуманитарната кампања за набавка на новогодишни пакетчиња за деца од ранлива категорија.
Ако сакаме да го менуваме светот преку бизнисот, тогаш мора прво да размислиме како најдобро да го промениме бизнис светот.
Во првите девет месеци од 2017 година, Атлантик Група оствари вкупен приход од продажба од 531,1 милиони евра, што претставува зголемување за 4,4% во споредба со истиот период од 2016 година.
На конференцијата за дигитален маркетинг AllWeb ќе бидат претставени резултати од истражувањето за вкупниот пазарен потенцијал во Македонија и анализата за интернет продажба на производи за широка потрошувачка.