Пелистерка во текот на деветте месеци од 2017 година евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 2.595.000 денари.
Со зголемување на акцизата и пресметаниот данок на додадена вредност, цената на нафтата ќе биде повисока за 3,5 денари.
Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на коешто е реализирана трансакцијата и се движи од 1% до 10% за трансакции реализирани кај трговците – партнери на програмата, додека за сите останати трансакции обезбеден е поврат на средствата во висина од 0,6%.
Nето добивка порасна за 148% повеќе во истиот период пред една година, благодарение на големата побарувачка на мемориските чипови и зголемената продажба на паметни телефони со развојот на новата генерација Galaxy Note 8.
Фармацевтската компанија Алкалоид во текот на деветте месеци од оваа година прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 553.940.000 денари.
Надоместокот е во висина од 20 денари по поединечно подигање на готовина од страна на клиентот без оглед на висината на износот.
Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во септември се задржа на ниво од 5,4%, идентично како и претходните два месеца, додека на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,6 процентни поени.
Со три специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде што УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации коишто дополнително може да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.
Кланица со ладилник од Струмица, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа загуба од 2.363.000 денари.
Вкупните девизни резерви, заклучно со 30-ти септември оваа година, достигнаа вредност од 2.271.380.000 евра.
КХВ даде одобрение Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје да ја прошири дозволата за работа со воведување на нова услуга и тоа инвестиционо советување.
Агроплод од Ресен во текот на деветте месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.279.000 денари.
Нето добивката на банката, заклучно со 30.09.2017 година, изнесува 1.528.534.000 денари е повисока за 32,8% во однос на истиот период од 2016 година.
Комерцијална банка ќе им отвори штедни книшки – отворено детско штедење Верверичка со износ од 5.000 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот.
Вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем, во текот на вториот квартал од оваа година, се зголемија за 8,1%.
Крајниот рок за поднесување на ДДВ пријавата, што беше на 25-ти октомври, се продолжува два работни дена, односно до денеска (27-ми октомври).
Купувачот ќе има обврска, покрај износот од 16 милиони евра на име купопродажна цена, да уплати и износ од 25 милиони евра за подмирување на обврските кон банките, како и износ од дополнителни 200 евра по година стаж за вработените кои ја одбраа доброволната социјална програма.
Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 20.914.000 денари.
Фруктал Мак во текот на деветте месеци од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 4.774.000 денари.
За компанијата Пекабеско периодот од први јануари до 30-ти септември оваа година заврши со вкупна сеопфатна добивка од 73.467.000 денари.
Економските аналитичари очекуваат постепено забрзување на стапката на инфлација и на економскиот раст во периодот 2017- 2019 година.
Во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите, УЈП дополнително ќе информира за достапноста на системот е – Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ – 04 пријавата.
Клиентите може да се обратат на телефонскиот број на Контакт центарот на банката 02/3200 600.
Во септември, вкупните депозити на корпоративниот сектор на месечна основа се намалени за 4,4%, со изедначен придонес на денарските и девизните депозити.











