По одделни котлините ќе биде магливо и тивко, а во текот на денот видливоста постепено ќе се зголемува. Дневните температури ќе се движат од седум до 12 степени.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одби барањето на Балкан енерџи груп (БЕГ) за продолжување на парно греењето за дополнителни два часа односно до 23 часот навечер, бидејќи поради тоа граѓаните ќе добиваат повисоки сметки за парно за 9%.
Во 2013 година, во однос на 2012 година, индексот на цените на мало бележи пораст од 1,3%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2,8%.
Вкупно 140 милиони евра се предвидени оваа година за поддршка на земјоделството, соопштуваат од Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Со оваа инвестиција, во која се вложени над еден милион евра, значително ќе се подобри доверливоста на електроенергетскиот систем, напонските прилики и снабдувањето со електрична енергија во четири општини во овој дел на скопскиот регион.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките места.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, по повод новогодишните празници има нов возен ред.
Овластените здруженија за давање на бесплатна правна помош, во текот на 2013 година, обезбедиле бесплатна правна помош за повеќе од 1.000 сиромашни граѓани.
Трајко Кузмановски од Куманово е првиот добитник на стан во Скопје, Димитар Миладинов од Струга беше добитник на деловниот простор, а автомобилот Пежо 206 го доби Панде Мановски од битолското село Буково.
Се очекува претежно облачен и магловит ден. Температурите во текот на ноќта ќе се движат од минус 1 до седум степени.
Појава на магла со видливост до 50 метри има во Штип, Делчево, Страцин, Плетвар и на патниот правец Кула-Катланово.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека автобуски карти за меѓуградски и меѓународен превоз од 22 февруари 2014 година ќе можат да се купуваат преку интернет.
Царинската управа воспостави нов компјутерски транзитен систем кој ќе овозможи поедноставна постапка со скратување на трошоци и време за претпријатијата. Новиот систем ќе почне да се употребува од 1 јануари 2014 година, а ќе биде задолжителен за сите компании од 1 март.
Уште шест месеци граѓаните ќе можат да поднесат барање за елаборати за легализација, а геодетските фирми нема да можат да стасаат да ги изработат, апелираше денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпевски.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 101.2.
Вечерва е првото извлекување на наградната игра Фискална во рака - награда без мака. Досега на адресата на Државната лотарија на Македонија се пристигнати повеќе од 500.000 пликови со фискални сметки.
Димовски за следната година најави дека Програмата за финансирање ќе изнесува околу 140 милиони евра, од кои 30 милиони евра ќе бидат насочени за развој на руралниот туризам.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов, информираше дека досега се откупени седум милиони килограми тутун по просечна цена од 156 денари за килограм или 17% од годинешната реколта.
Во Македонија денеска ќе има слаба магла по одделни котлини во утринските часови, а во текот на денот ќе биде умерено облачно.
Појава на магла има во западниот и југозападниот дел од Републиката со видливост до 50 метри, а во североисточните делови со видливост од 50 до 150 метри. Во скопскиот регион видливоста е до 100 метри.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 103.1.
Зголемен проток на луѓе и стока, како и поефикaсна работа на граничните служби ќе овозможи новиот реконструиран граничен премин Блаце, кој денеска беше пуштен во употреба.