Од 48 законски часови во 2021 година, работното време ќе се намали на 47 во 2023 година, 46 во 2024 година, 44 во 2025 година и на крај на 42 во 2026 година.
Зошто дружењето со луѓе кои се повешти од вас, ќе ве оддалечи далеку во животот? Инвеститорот и милијардер, Ворен Бафет го има одговорот.
При влезот ќе се врши проверка на сертификатите преку специјалната апликација Covid free GR, заедно со документ за лична идентификација, а државјаните од трети земји, односно туристите, исто така ќе треба да го покажат нивниот сертификат.
Претходно, жителите на Москва мораа да покажат QR код со којшто докажуваа дали се вакцинирани или имаат негативен тест за да може да седат во затворен простор во угостителските објекти. Надворешните тераси беа отворени за сите.
Невакцинираните луѓе не претставуваат само ризик за нивното здравје, тие претставуваат ризик за сите доколку се заразат со коронавирусот, сметаат експерти за заразни болести, според кои „колку повеќе има невакцинирани луѓе, толку се поголеми шансите вирусот да се размножи”.
Најстарата ќерка на американскиот рапер Кание Вест и ѕвездата на реално шоу Ким Кардашијан, Норт Вест има само седум години и веќе располага со богатство од 10 милиони долари.
Првичниот буџет за Олимпијадата во Токио беше 12,6 милијарди долари, но се појавиле тврдења во медиумите дека реалните трошоци се двојно поголеми.
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави седмата Листа на должници на којашто се објавени имињата на 1.722 должници и тоа правни лица за 25 повеќе од претходната листа и 2.883 физички лица, што е исто така за 25 повеќе од претходната.
Од земјите во регионот, Србија е најголем извозник на гуми и тоа во вредност од 672 милиони долари. Потоа следат: Словенија (399,8 милиони долари), Бугарија (7,7 милиони долари) и Босна и Херцеговина (445.000 долари).
Вакцинацијата слабо напредува во Летонија, земја со нешто помалку од два милиони жители, а досега само една третина од населението доби барем една доза.
Франција е единствена во тој дел што има пад на побарувачката од 14,7%.
Новата Влада на Гренланд откако ја блокираше експлоатацијата на ураниум, објави забрана за истражување на нафта на таа територија на Арктикот.
За разлика од конвенционалните соларни панели, оние кои се поставуваат на пловна платформа имаат поголема ефикасност меѓу пет и 15%.
Новата сезона во Formula 1 ќе донесе и неколку големи новитети со што ќе започне една нова ера во најбрзиот циркус на планетата.
Кредитори од Парискиот клуб се согласија на отпис на долг од 14 милијарди долари на Судан и на реструктуирање на остатокот од долгот од над 23 милијарди долари.
Регистрирано е и значително покачување во однос на просечниот бројот на вработени, односно речиси 50% зголемување во последните пет години. Во моментов во зоните има вкупно 14.230 вработени.
Пандемијата со коронавирусот го внесе човештвото во нова ера на одржливост и еколошка свест, а компанијата 3deluxe одлучи да направи проект во Менхетн кој ги истакнува токму овие вредности.
аа нагласи дека и во новиот системски закон за работни односи, на кој интензивно се работи во Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат вградени решенија кои ќе придонесат за намалување на неформалната економија.
Кинеската компанија ги зголеми испораките во Јужна Америка за над 300%, во Африка за 150% и во Западна Европа за 50%.
Според CNN, 70 милиони долари се наменети за реновирање на Националниот музеј за воздухопловство и вселена, а 130 милиони за oтворање на нов едукативен центар.
Поради натрупани долгови сите сметки на компанијата Andrićgrad од Вишеград се блокирани повеќе од 50 денови.
Германскиот гигант сака да ја престигне компанијата Tesla до 2025 година и да биде на врвот на светската листа на производители на електрични автомобили.
Насоките коишто ги донесоа Народната банка и МБА ќе почнат да се применуваат од банките и штедилниците од почетокот на август.
За сите што ќе се пријават до 31 јули, котизацијата изнесува 800 денари, за пријавите од 1 до 15 август – 1000 денари, а за пријавување од 16 до 31 август – 1200 денари.










