Меѓу нив не е и главниот град на Куба, Хавана, во којшто потребно е дополнително смирување на пандемијата со помош на рестриктивни мерки, меѓу кои беше и полициски час.
Додека различни компании интегрираат различни вредности и култури, успехот на работното место во голема мера зависи емоционалната интелигенција на личноста и е квалитет што треба да се проверува на секое интервју за работа.
Филмот е за начинот на кој големите компании како JP Morgan и  BP  подмолно се претставуваат како “добри корпоративни граѓани“ без да ја признаат штетата што ја предизвикуваат.
Зборот евазија има латинско потекло од зборот evasion, што значи бегање, избегнување, бегство... Во даночната терминологија, даночна евазија ги претставува сите начини на избегнување на плаќање на данок.
Единствена позитивна работа во текот на пандемијата е тоа што играчите и тренерот се откажале од четиримесечната плата, заштедувајќи му на клубот околу 30 милиони евра.
Еве неколку лекции до кои би требало да се придржувате ако сакате успешен онлајн говор.
Европската комисија напоменува дека Народната банка е целосно посветена на примената на кодексот на статистичките стандарди и дека го подобрува својот капацитет за нивно постојано имплементирање во своето работење.
Целта на проектот е придонес кон зголемена природна апсорбција на јаглерод диоксид од атмосферата, додека во исто време се генерира добивка за нејзините корисници.
Ваквиот “тренд“, за жал, го следиме од многу земји во регионот и Европа.
Граѓаните повеќе сакаат безбедност при плаќање на интернет, отколку брзина на трансакциите при плаќање.
Извозот од Северна Македонија кон Хрватска е зголемен за 24,7%, додека увозот е зголемен за 11%.
Надлежните и натаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 кои вклучуваат носење заштитна маска, држење дистанца, избегнување групирања и миење или дезинфекција на рацете.
Пет сценарија се можни за развојот на светскиот поредок до 2030 година по пандемијата со корона вирус, смета американскиот стручњак за меѓународна политика Џозеф Нај.
Синдикалната минимална кошница во септември оваа година, според Сојузот на синдикати на Македонија, била 33.621 денар.
Согласно Законот за енергетика сите потрошувачи имаат право и можат да се жалат и да добијат надоместок за штета поради прекини во испораката на енергија со послаб квалитет од пропишаниот.
Практично, со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидe обезбедена можноста за продолжување  на грејс периодот и периодот за отплата на кредитот за 3 месеци, пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.
Во извештајот се вели дека тој број може да порасне на 150 милиони до крајот на 2021 година.
Mercedes-Benz планира да воведе сосема нов сегмент наречен SUL и притоа да ги згасне оние класи кои немаат продажен успех во последно време.
На тој екран имињата на оние кои остануваат биле со зелена боја, а оние кои треба да заминат со црвена боја.
Две третини од активните состојки што се потребни за производство на генерички лекови се произведуваат во Азија, што ја потврдува зависноста на Европа од увоз на лекови.
Дубровник е најголем губитник од пандемијата, овие денови се остварени само 9% од минатогодишниот број на ноќевања.
Во случајот на корпоративни должници, скоро една четвртина од испитаниците очекуваат барања за преструктуирање од 10 до 20% од должниците во следните 12 месеци.
На крајот на јануари оваа година, јавниот долг изнесувал 24,2 милијарди евра, а на крајот на декември лани бил 23,9 милијарди евра или 52% од БДП.
Ние сме уште земја во транзиција и се смета дека кај граѓаните има околу 1,5 милијарди евра кои се надвор од финансиските текови и од финансискиот промет.