Луксуз

Млади, згодни и доволно богати да имаат што ќе посакаат - најбогатите ергени во светот.
Стапалото од Лионел Меси доби своја копија од чисто злато која во целост го отсликува најмоќното оружје на најдобриот фудбалер во светот.
Ferrari направи сензација на Саемот на автомобили во Женева 2013 со последниот модел наречен LaFerrari. Луксузниот и супер брз автомобил има 963 коњски сили заедно со електричениот мотор кој е дополнување на постоечкиот V12.
Мирисни ноти преточени во луксузни парфеми кои можат да си ги дозволат само оние со префинет вкус и малку подлабок џеб.
Сопствениците на луксузните, приватни авиони најчесто сакаат да останат анонимни, но понекогаш ги отвараат вратите од своите неверојатни превозни средства, кои не се само начин да се стигне од едно место на друго, туку многу повеќе.
Познатиот хотел Mandarin Oriental во Хонг Конг направи вкусни “модни” задоволства во стилот на новата пролетна колекција на британската куќа за висока мода Jimmy Choo.
За да се изгради куќа треба многу пари. Но, не и во овој случај. Овде наместо пари е потребна само добра идеја. Во продолжение погледнете архитектонски решенија на живеалишта направени од материјали кои се земени - од отпад!
Деветнаесетта година по ред менито за ѕвездите на гламурозната Оскаровска вечер беше подготвено од австрискиот популарен селебрити готвач Волфганг Пак. Јадења како мини Kobe бургери и пита од пиле во грне со црни тартуфи беа само дел од префинетиот кетеринг на Пак.
Какви автомобили возат најпознатите милијардери во светот? Секој со својот вкус и желби, од скромни фамилијарни возила до екстра луксузни автомобили.
Од принцови до трговци на мало, еве кои се најботагите луѓе од Блискиот Исток.
Бизнис Инфо ве носи во светот на најлуксузните јахти. Не се потребни коментари, фотографиите подолу кажуваат се.
Дубаи е подготвен за градење на нов монументален објект кој уште толку ќе го збогати луксузниот град. Овој пат станува збор за најголемото панормско тркало во светот.
Модерен и тренди изглед, префинета комфорност сместена во еден урбан стил се зборовите кои најубаво би ги опишале новите канцеларии на Skype во Пало Алто, Калифорнија.
Андреа Педраза за Денот на вљубените произведе уникатен подарок кој ја спојува модата и чоколадото во едно –чоколадни чевли.
Дом како од бајка. Прекрасни замоци кои многу потсетуваат на популарните Дизниеви приказни. Прошетајте и вие за момент во нивниот бајковит свет.
Јапонските мега градови Токио и Осака се најдоа на самиот врв на листата 10 најскапи градови за живеење во 2013 година.
Луксуз во вистински смисол на зборот - дијаманти. Толку мали, а бесценети и мелем за сечии очи. Еве ги десетте најубави, најсветкави и најскапи дијаманти во светот.
Ова се најбогатите луѓе во Австралија:
Линзи Торес е намладата милијардерка во Америка. Триесет годишната Торес е сопственичка и претседател на ланецот сендвичари In-N-Out Burger, кој според последните проценки вреди 1,1 милијарда долари.
Замислете си прекрасна бања за уживање додека се капете. Дали тоа би изледало вака?
Некогаш на овие места беа дозволени само еден телефонски повик, бајат сендвич и тврд неудобен кревет. Сега може да се ужива во врвна услуга, вкусни деликатеси и најудобни сместувања. Погледнете ги некогашните озлогласени затвори претворени во луксузни хотели.
Производителот на француските колачи Мacaron, Ladurée, ја прошири својата слатка империја со отварањето на раскошниот чоколаден бутик во Париз, близу Tuileries Gardens.
Шампањот De Watère, произведен со идеја симболично да го претставува потеклото на фамилијата De Watère и да ја “врати” историјата назад отсликана во живи сеќавања е најскапиот шампањ на светот.
Компанијата Central Standard Timing од Чикаго е во потрага по финански средства, за да го пушти својот прототип на CST-01 - најтенкиот рачен часовник во светот во производство.