Кои се најголеми приходи на банките?

38

Структурата на вкупните приходи на банките соодветствува со примената на традиционалниот деловен модел.

Така, нето каматните приходи, со учество од 62,6%, се најзначајни во структурата на вкупните приходи, иако бележат намалување на нивното учество за 2 процентни поена во однос на 2019 година, покажува Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година.

Истовремено, нето-приходите од провизии го намалија своето учеството во вкупните приходи, за 1,7 процентни поени, а учеството на другите приходи забележа раст од 3,7 процентни поени. Слично како и во структурата на активата, учеството на нето каматните приходи од работењето со домаќинствата (36,4%) е повисоко од учеството на нето каматните приходи од работењето со претпријатијата (24,5%) во вкупните приходи.

На ниво на банкарскиот систем, исто како и минатата година, најзначајни расходи се: трошоците за вработените (30,7%), следени од исправката на вредноста на финансиските и нефинансиските средства (26,9%) и општите и административните трошоци (24,6%).

Фото: Freepik