Кои се руските олигарси кои трпат санкции од ЕУ?

127

По руската инвазија на Украина, ЕУ ги замрзна средствата и воведе забрана за патување на повеќе од 20 најистакнати руски олигарси, од кои многумина се тесно поврзани со претседателот Владимир Путин.

Ова се некои од руски олигарси на таа листа  за кои најмногу се зборува.

Игор Сечин, извршен директор на Роснефт, најголемиот руски производител на нафта. Како една од првите „санкции“, француските власти му ја заплениле јахтата на Медитеранот.

Алишер Усманов, руски милијардер кој некогаш беше најбогатиот човек во земјата. Тајкунот роден во Узбекистан во областа на металите и технологијата, ја контролира втората по големина телефонска мрежа во Русија, МегаФон, и металниот гигант Металоинвест, заедно со други компании.

Михаил Фридман, ко-основач на групацијата Алфа, која е сопственик на најголемата приватна руска банка Алфа-Банк, најголемиот ланец на супермаркети Ks5  и мобилниот оператор Веон. Тој, со неговиот колега Питер Авен, ја предводи лондонската приватна групација LetterOne. Тие сега се во центарот на медиумското внимание на Островот, бидејќи поради поврзаноста со Кремљ сега решиле да ги „замрзнат“ своите акции во оваа компанија. LetterOne вреди околу 22 милијарди долари, а двајцата поседуваат нешто помалку од 50% од акциите.

Игор Шувалов, поранешен вицепремиер на Русија, исто така се најде под санкции на ЕУ. Неговото семејство поседува имот вреден над 200 милиони долари, а според британските медиуми, тој поседува стан вреден 11 милиони фунти во Лондон. Како важна фигура тој беше задолжен за собирање средства за Зимските олимписки игри во Сочи, како и за кандидатурата на Русија за организација на Светското првенство.

Николај Токарев, извршен директор на Транснефт, кој ја контролира државата и најголемите светски компании за нафтоводи. Според ЕУ, овој олигарх служел со Путин во КГБ и е еден од неговите „долгогодишни познаници“.

Сергеј Ролдугин, руски бизнисмен (и наградуван виолончелист), е одговорен за „префрлање на најмалку 2 милијарди долари преку банки и офшор компании како дел од скриената финансиска мрежа на Путин“, според ЕУ.

Генадиј Тимченко е сопственик на групацијата Волга, приватна инвестициска групација и акционер во Банката на Русија. ЕУ вели дека тој е „еден од поверениците на Путин“.

Петр Фрадков, претседател на руската државна PJSC Promsvyazbank, која „обезбедува финансиска поддршка на рускиот одбранбен сектор и руската војска“.