Македонија во 2014 година генерирала 14 GWh од сончеви панели

24

Македонија во 2014 година генерирала 14 гига ват часови (GWh) од сончеви панели, со што е лидер во регионот, но тоа е занемарливо во споредба со потенцијалот што го има, се наведува во Набљудувачкиот извештај за енергетика 2016.

Податоците од извештајот покажуваат дека Македонија и Србија се на второ место на земји зависни од јаглен, по Косово, со 76% и 64,8% од нивната електрична енергија произведена од јаглен во 2014 година.

“Во апсолутна смила производството на електрична енергија од јаглен во Македонија е намалено за 800 GWh од 2010 година, но во проценти е зголемено, што веројатно се должи на високите врнежи во 2010 година. Понатаму, Македонија ги намали загубите во пренос и дистрибуција на електрична енергија од 20,22% во 2010 година на 17,4% во 2014 година, додека пак ја намали својата енергетска интензивност за многу мал износ помеѓу 2010 и 2013 година од 0,4 на 0,37 toe/USD 1000, додека во ЕУ таа изнесува 0,11 toe/USD 1000“, стои во соопштението.

Регионалните граѓански организации во рамки на проектот SEE SEP (South East Europe Sustainable Energy Policy) го објавија извештајот: Придонесот на SEE SEP кон извештаите за напредокот на земјите од Југоисточна Европа на Европската комисија за 2016 година: Набљудувачки извештај за енергетика 2016.