Макошпед прикажа добивка од 3.177.000 денари во 2014 година

38

makosped

Компанијата Макошпед оствари добивка од 3.177.000 денари во 2014 година, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година за Макошпед беше заокружена со позитивен финансиски резултат од 1.836.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2014 година се во висина од 70.166.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 68.161.000 денари, додека остатокот од 2.005.000 денари се реализирани на странски пазари.

“Вкупно на годишно ниво приходите во 2014 година во однос на 2013 година изнесуваат 79,83%. Вкупните расходи во 2014 година учествуваат во приходите со 95,76 %, додека во 2013 расходите се 97,49%, што резултира зо зголемена добивка во 2014 во однос на 2013 година“, стои во образложението на финансиските резултати на компанијата.