Машка доминација во управување на акционерските друштва

49

На официјалниот пазар на Македонска берза котираат вкупно 98 компании во коишто има 632 членови во органите на управување.

Според анализата, 24,2% се жени, а поголемиот дел од 75,8% се мажи во органите на управување на котираните компании. Само 15,3% се жени на функции како извршни директори или претседатели на управни одбори на котираните акционерски друштва.

Анализирано по дејности, најмалку жени во органите на управување има кај трговијата со нафтени деривати (само 5,6%), наспроти 94,4% мажи кои стојат на управувачки функции во овој сектор. Најголем удел на жени (37,04%) во органи на управување има во акционерски друштва од земјоделство, а потоа следува фармацевтскиот сектор со 35,29% и трговија со 34,78%.

Од 15 акционерски друштва коишто котираат на берза, а на чие чело стојат жени, 73,3% оствариле добивка, додека со загуба работеле 26,7%.

Од друга страна, 80 акционерски друштва во чии органи на управување доминираат мажи, ланската година 71,3% работеле со добивка, а 28,8% оствариле негативен финансиски резултат.

Фото: Pexels