Национални енергетски ресурси издава обични акции вредни над 2,2 милиони евра

90

Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси (НЕР) Скопје во државна сопственост доби одобрение за издавање на деветта емисија на акции, со која што НЕР АД Скопје ќе издаде 22.692 обични акции со номинална вредност од 100 евра по акција и вкупен номинален износ од 2.269.200 евра, соопштуваат од Комисијата за хартии од вредност.

Зголемувањето на основната главнина со нови влогови се врши по пат на приватна понуда наменета за познат купувач, постојниот единствен акционер – Влада на Република Северна Македонија, како институционален инвеститор.

Друштвото издава хартии од вредност заради зголемување на основната главнина, односно заради создавање услови за непречено функционирање.

Фото: Pexels