Намален бројот на превезени патници со автобуси

33

Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз, во третото тримесечје од годинава во однос на истиот период лани, е намален за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 0,5%, во меѓународниот превоз за 13,4%, додека во приградскиот превоз е намален за 0,8%, а во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 10,5%.

Во однос на второто тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 20,5%. Според видот на превозот, во градскиот превоз е забележано намалување за 19,9%, во приградскиот превоз за 26,3%, во меѓуградскиот превоз за 3,1%, додека во меѓународниот превоз е забележано зголемување за 39%.

Во третото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 1,2%.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 11%, во меѓуградскиот превоз за 9,9%, додека во приградскиот превоз е зголемен за 17%, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 8,6%.

Во однос на второто тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 6,1%. Според видот на превозот, во меѓународниот превоз е зголемен за 71,1%, во градскиот превоз е намален за 27,4%, во приградскиот превоз за 10,9%, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 0,1%.