Намалени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

10

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во второто тримесечје од оваа година во однос на првото тримесечје, се пониски за 0,4%, трошоците за материјали се пониски за 0,6%, а трошоците за вработените остануваат непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со второто тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,6%, трошоците за материјали се пониски за 3,4% и трошоците за вработените се повисоки за 5,8%.

Фото: Freepik