НБРМ: Вкупните девизни резерви во јули достигнаа 2,5 милијарди евра

25

evra1-580x363

Вкупните девизни резерви на крајот на јули оваа година имаа салдо од 2.588.200.000 евра, што е за 429,4 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

Во јуни вкупните девизни резерви изнесуваа 2.158.800.000 евра, додека во јули 2015 година беа 2.198.300.000 евра.

Зголемување од 417,4 милиони евра има кај хартиите од вредност, коишто на крајот на јули достигнаа вредност од 2.071.300.000 евра, а во јули минатата година изнесуваа 1.736.800.000 евра.

Во државните резерви, валутите и депозитите во јули зафаќаа вредност од 249.700.000 евра што е за 9,5 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, односно 8,6 милиони евра повеќе во споредба со јули 2015 година.

Вкупното монетарно злато во јули беше на ниво од 262.400.00 евра, додека еден месец претходно беше 259.900.000 евра.