НЛБ Банка со 1,1 милијарди денари добивка ги заврши деветте месеци од оваа година

27

nlb-banka

НЛБ Банка од први јануари до 30-ти септември оваа година прикажа добивка во висина од 1.151.290.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Нето добивката на банката заклучно со 30-ти септември 2016-та година изнесува 1.151.290.000 денари и е повисока за 43,6% во однос на истиот период од 2015 година“, стои во Коментарот на билансот на успех.

Нето приходите од камата беа на ниво од 2.026.719.000 денари, додека во деветте месеци од минатата година имаа вредност од 1.785.583.000 денари.

“Нето каматните приходи во третиот квартал од 2016 година се повисоки за 13,5% споредено со истиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 6,1%, главно поради повисока состојба на кредити од население при пониски каматни стапки. Расходите по камати се пониски за 12,4% главно поради пониските цени на изворите од небанкарскиот сектор“, стои во Коментарот.

Нето приходите од провизии се повисоки за 2,7%. Приходите од провизии се зголемени за 7,9% како резултат на повисоки остварени приходи од платен промет во земјата и странство, зголемен промет и број на трансакции кај картичното работење (зголемен број на картички и зголемен број на трансакции во ПОС мрежата), како и поради повисоки остварени приходи од водење на зголемениот број на трансакциски сметки и лично банкарство и повисоки приходи од провизии за управување со готовина.