Охридска банка 2014 година ја заврши со добивка од над 232 милиони денари

44

ohridska banka

Охридска банка прикажа добивка од 232.247.000 денари за период од први јануари до 31- ви декември минатата година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година, Охридска банка евидентираше добивка од 153.496.000 денари.

Нето приходите од камата се во висина од 863.229.000 денари, додека нето приходите од провизии и надомести се на ниво од 226.310.000 денари.