Помалку превезени патници во патничкиот превоз во третиот квартал

50
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 131 илјада во третото тримесечје од 2023 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 2.5 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е
намален за 6.6 %, во приградскиот превоз е зголемен за 0.5 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 3.1 %, а во меѓународниот превоз за 38.2 %.
Во третото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 14.8 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4.2 %, во приградскиот превоз е намален за 5.4 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 9.7 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 23.5 %.