Понизок индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април

22

mandarini-na-lenta-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2017 година е за 0,1 процентен поен понизок во однос на претходниот месец, а во однос на април 2016 година е зголемен за 2,6 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2017, во однос на март 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на претходниот месец.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2017 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на април 2016 година. Се очекува бројот на вработени да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2017 година изнесува 64,6% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23,8%, недоволната домашна побарувачка со 18,3%, недостигот на квалификувана работна сила со 16,4% и неизвесното економско опкружување со 12,4%.