Пораст на изградба на нови објекти за домување за 1,4%

16

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото тримесечје од 2012 година, се повисоки за 1,4%.

Во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се на истото ниво, трошоците за материјали се повисоки за 0,2%, а трошоците за вработените се пониски за 0,7%.

Во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2012 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,4%, трошоците за материјали се пониски за 2,5%, а трошоците за вработените се повисоки за 14,6%.