Пораст на прометот од продажба на услуги во второто тримесечје

20

Прометот од продажбата на услугите во второто тримесечје од 2019 година е повисок отколку во второто тримесечје од 2018 година за 1,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2019 година, најголем пораст на прометот во услугите во однос на второто тримесечје од 2018 година има во дејноста eмитување програма (за 58,7%) и во дејноста услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата (за 21,5%). Најголемо намалување е забележано во дејноста научно истражување и развој (за 32,5%).

Фото: Pixabay