Прилепска Пиварница со добивка од 76,8 милиони денари ја заокружи 2014

91

prilepska pivarnica sisinja

Прилепска Пиварница прикажа вкупна сеопфатна добивка од 76.809.000 денари во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2013 година, компанијата работеше со позитивен финансиски резултат од 107.206.000 денари.

Вкупните приходи од продажба се во висина од 1.472.506.000 денари од кои на домашен пазар се остварени 1.463.525.000 денари, додека остатокот од 8.981.000 денари се реализирани на странски пазари.