Просечната нето плата во мај изнесува 22.324 денари

13

giving money

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај изнесува 22.324 денари, додека во бруто износ е 32.776 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 1,1%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Градежништво (8,7%), Административни и помошни услужни дејности (7,6%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5,7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (23,5%), Стручни, научни и технички дејности (15,2%) и Административни и помошни услужни дејности (2,9%).

Во мај 2016 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.