Што е акредитив?

1066

potpis

Фото: Pixabay

Акредитивот претставува обврска на банката, според налог на својот комитент – увозник, да изврши плаќање на корисникот на акредитивот, со презентирање на документи за исполнување на одредени услови што се предвидени со акредитивот.

Овој инструмент е безбеден инструмент во меѓународната трговија, што ги штити интересите и на купувачот и на продавачот, особено доколку се на почетокот на нивната заедничка соработка. Главна предност за купувачот, доколку се користи акредитив, е сигурноста дека ќе ја добие договорената количина на производи или услуги. Предност за продавачот, од друга страна, е дека ќе ја наплати стоката што ја испорачал.

Документите се исклучително важен дел за веродостојноста на акредитивот, а меѓу оние кои најчесто се користат за заштита на двете страни и банката се: фактура, транспортен документ, полиса за осигурување, спецификација на производите и услугите што се нудат, како и различни сертификати за квалитет и стандарди.

Постојат повеќе видови на акредитиви: отповиклив и неотповиклив, потврден и непотврден, обичен и револвинг, пренослив и непренослив, исплатен, акцептен, акредитив на одложено плаќање…

Разлика помеѓу акредитив и банкарска гаранција

Банкарската гаранција претставува правен продукт со којшто банката, во улога на гарант, на барање на нејзиниот клиент (налогодавач) издава гаранција на трето лице што е во функција на корисник на гаранцијата. Со овој инструмент, банката презема обврска кон корисникот на гаранцијата, дека во случај на неисполнување на обврската од налогодавачот, обврската ќе ја исполни банката што ја издава гаранцијата.

Разликата меѓу акредитивот и гаранцијата е во моментот на исполнување на условите за “активирање“ на овие инструменти за безбедна наплата.