Што е дигитален маркетинг?

2679

Фото: Pixabay

Дигиталниот маркетинг се занимава со создавање онлајн стратегија со цел брендирање и подобрување на видливоста на компанијата на интернет. Овој вид на маркетинг се однесува на огласување преку дигитални канали, како што се: пребарувачи, интернет страници, социјални мрежи, електронска пошта, мобилни апликации.

Дигиталниот маркетинг е насочен кон поединечен пристап, па неопходно е да се следат трендовите и да се направи негово прилагодување. На пример, Google како најголем пребарувач сè повеќе ги прилагодува своите алгоритми за да може на секој корисник да му пружи единствен пристап.

Овој вид на маркетинг има за цел да ја зголеми вредноста на компанијата (производите и услугите што ги нуди), а со тоа и да овозможи пораст на продажбата. Поради индивидуалниот пристап, се обезбедува и поголема лојалност од страна на клиентите и олеснет начин на комуникација со нив. Бидејќи голем е бројот на луѓе кои по неколку часа во текот на денот поминуваат пред компјутер, таблет или мобилен телефон, што ги прави лесно достапни за сите оние компании кои сакаат да допрат до своите потрошувачи.

Маркетингот не значи само продажба, туку неговата филозофија ќе ви помогне да привлечете купувачи, потенцијални домашни и странски партнери, потрошувачи кои ќе се навикнат на вашиот производ или услуга, градење долгорочни релации засновани на доверба и соработка. Со соодветна маркетинг стратегија, компанијата секогаш ќе знае да ги задржи постојните купувачи и да биде отворена и достапна за нови. Од сево ова произлегува дека дигиталниот маркетинг ја задржува истата оваа филозофија, само што ја користи моќта на дигиталниот свет и големиот број на корисници. Поради тоа, вложувањата во дигиталниот маркетинг не се премногу големи, а резултатите се лесно мерливи.

Со еден збор, кога ќе се спомене дигитален маркетинг не се мисли само на огласување, промоција и продажба преку дигиталните медиуми. Тоа е само еден сегмент што во себе го содржи маркетинг филозофијата на компанијата, а крајниот резултат е посакувана зголемена продажба, остварување профит, одржливост на пазарот, создавање конкурентска предност и слично.