Што е лош кредит?

605

Еден кредит да добие епитет лош треба неговиот корисник подолго од 90 дена да не ги подмирува обврските по истиот (рата или камата).

Кредитот што со соодветна динамика навремено се отплаќа, за банката значи редовен каматен приход што ја води поблиску до остварување добивка, но и одобрување нови кредити. Доколку клиентите подолго од три месеци не ги исполнува своите договорени обврски, банката мора да одвојува повеќе средства во случај кредитот да остане неисплатен. Сето тоа ја намалува способноста на банката да одобрува нови кредити.

Како причини поради кои еден обичен кредит, може да стане лош, може да бидат: невнимание на должникот, зголемување на големината на кредитот, немање соодветен план за справување со финансиска криза во даден момент…

Кредит за рефинансирање може да дојде како опција за наплата на долгот. Овој кредит подразбира замена на постоечкиот долг по основ на еден или повеќе кредити со нов кредит, обично во ист износ, со исти средства за обезбедување, но со различни услови (каматна стапка, подолг рок на отплата, грејс период и слично).

Доколку банката не може делумно или целосно да го наплати долгот, во тој случај следи негово отпишување. Оваа мерка следи откако ќе се исцрпат сите можности за наплата на побарувањето. Отпишаните побарувања се водат на посебна вонбилансна сметка на банката, на којашто се евидентираат сите отпишани побарувања за кои не постои веројатност дека некогаш ќе се наплатат.

Фото: Pixabay