Што е overdraft кредит?

630

Overdraft кредит за компаниите претставува можност да се реализираат плаќања и над расположливиот износ на сметката, до одреден лимит. Овој лимит се одредува во договор со банката, а на основа на промет на сметката, како и кредитната способност на компанијата.

Овој вид на кредитирање на компанијата претставува краткорочен извор на средства и служи за покривање на краткорочни обврски, но не и за инвестиции или пак набавка на основни средства. Со помош на овој кредит, компанијата редовно ги сервисира своите обврски иако во моментот нема сопствени средства на располагање.

Но, ако една компанија многу често користи overdraft за да може да ја одржи тековната ликвидност, тоа може да биде сериозен знак за нејзиното финансиско “здравје“.

Каматната стапка за овој вид кредит е повисока во однос на класичните кредити, па од таа причина треба да се посегне по overdraft само во исклучителни ситуации.

Првиот overdraft кредит е одобрен во Велика Британија во 1728 година. Во тоа време, трговецот Вилијам Хог поради недостиг на финансии, од Royal bank of Scotland побарал да му одобри одреден износ на “празната“ сметка за да може да ги исплати обврските пред да прими уплата.

Фото: Pixabay