Стопанска банка Битола прокнижи добивка од 82,3 милиони денари за девет месеци

27

Стопанска банка Битола деветте месеци од оваа година ги заврши со добивка од 82.353.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, банката оствари добивка од 772.000 денари.

“Успешното справување со наметнатите предизвици и брзото приспособување на краткорочните активности придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2020 – 30.9.2020 година, односно добивка во износ од 82,35 милиони денари“, стои во Образложението на остварениот финансиски резултат.

Нето приходите од камати, заклучно 30-ти септември, достигнаа 218.450.000 денари.

“Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2020 – 30.9.2020 година изнесуваат 218,45 милиони денари. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, на повеќекратно намалување на основната каматна стапка на НБРСМ, како и поради сите останати мерки што се презедоа во врска со настанатата ситуација со вирусот COVID-19, приходите од камати се пониски за 8,94 % споредено со истиот период од минатата година, и покрај растот на кредитната активност. Со цел да се неутрализира ваквиот ефект, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати, кои забележаа подинамично намалување од 22,69 %, така што нето-приходите од камати се намалија за само 1,73 %. Реализацијата на планот за нето-приходи од камати изнесува 87,75%“, стои во Образложението.

Фото: Freepik