Цените на нафтата паднаа под 85 долари

29

Цената на нафтата падна на 85 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи трговците се загрижени поради знаците за нагло забавување на побарувачката во САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне изнесуваше 85,16 долари.

На американскиот пазар барелот  се тргуваше по пониска цена од 75 центи, по 83,47 долари. утрово Брент се тргува по цена од 84,24 долари за барел, а мериканската за 82, 56 долари за барел.

Трговците вчера ги вознемири информацијата од владата во Вашингтон дека понудата на бензин, показател за побарувачката, минатата недела паднала на најниско ниво од почетокот на годината.

Резервите на бензин пораснаа за 6,5 милиони барели минатата недела, се вели во владиниот извештај објавен во средата.

Колапсот на побарувачката може делумно да се должи на обилните врнежи во Њујорк минатиот петок и бурата Офелија, која донесе силен дожд во североисточниот дел на САД во втората половина на септември, шпекулираше Боб Јавгер од јапонската банка Мизухо.

Кога ќе се исклучат сезонските флуктуации, побарувачката во САД е на најниско ниво во последните 22 години, пресметаа аналитичарите на JP Morgan, посочувајќи на скок на цените од 30 отсто во третиот квартал.

Одделни податоци покажаа дека побарувачката за услуги опадна во септември, додавајќи ги знаците за забавување на активноста во американската економија по закрепнувањето во текот на летото, според извештајот на S&P Global.

Во еврозоната побарувачката за стоки и услуги забележа најголем пад од крајот на 2020 година во септември, а активноста во периодот од јули до септември веројатно е намалена, покажува индексот на менаџери за набавки што го состави S&P Global.

„Во моментов сите се преокупирани со слабата економија, која е главниот двигател на цените. Расположението на инвеститорите е под влијание на силниот долар, слабите берзи и зголемените приноси на обврзниците“, вели во белешката на Тамас Варга од PVM.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници на состанокот во средата одлучија да го задржат производството на сегашното ниво. Саудиска Арабија и Русија одделно потврдија дека ќе ја намалат понудата до крајот на годината за 1,3 милиони барели дневно.

Кремљ исто така нагласи дека не поставил краен рок за укинување на забраната за извоз на гориво, чија цел е да се обезбеди понудата на домашниот пазар и да се спречи растот на цените.

„Сè уште очекуваме пазарен дефицит во четвртиот квартал, со помали шанси ОПЕК да ги намали ограничувањата на понудата, со оглед на пониските цени“, велат аналитичарите на Националната австралиска банка.

Одделно, ОПЕК објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во средата паднал за 1,21 долари на 92,35 долари за барел.