Централен регистар ќе соработува со норвешкиот Регистарски центар

25

centralen-registar-na-makedonija

Централниот регистар на Република Македонија ќе соработува со норвешкиот регистарски центар Бренесунд при воспоставувањето систем за параметри и алатки за спроведување кост бенефит анализи во процесите на проценка на влијанието на регулативата, јавува Миа.

Проектот, финансиран од страна на норвешката Влада, опфаќа надградба на постоечкиот регистар на годишни сметки во Централниот регистар, кој има огромен потенцијал за анализи на економските случувања и трендови, вклучително и влијанието на различни законски решенија, преку анализа на податоците од годишните сметки на фирмите. Со овој систем би се овозможило идентификување на вистинското влијание на предложените законски решенија на реалната економија, што би укажало и на евентуална потреба од модифицирање на прописите или пак воспоставување механизми за поддршка за засегнатите страни.