ТТК банка продаде 25.960 сопствени обични акции за 14,1 милиони денари

20

ttk-banka

ТТК банка АД Скопје на 22-ри овој месец ја заврши продажбата на сопствените акции, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.

Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена на 06.10.2015 година, кога беше објавен и проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.

Јавната понуда, како што се наведува, се реализираше пред истекот на одобрениот рок за реализација, односно на 20.10.2015, 21.10.2015 и 22.10.2015 година, кога од понудените 25.960 сопствени обични акции, продадени се вкупно 25.960 сопствени обични акции, во вкупен износ од 14.174.160 денари, со што јавната понуда е 100% реализирана.

Промените во сопственоста на хартиите од вредност ќе бидат регистрирани во Централниот депозитар за хартии од вредност. Правата од хартиите од вредност настануваат по нивниот упис на сметката на сопственикот во Централниот депозитар за хартии од вредност.