Во ЕУ ќе се пие и деалкохолизирано вино

32

Европската унија почна процес што ќе овозможи вината на коишто на вештачки начин им е намалена содржината на алкохол да бидат рамноправни со останатите видови на вино.

Во новата категорија деалкохолизирани вина ќе се најдат и пијалаци со помалку од 0,5% алкохол. Во рамки на реформите, што ќе стапат на сила од први јануари 2023 година, ширум Европа ќе може да се произведуваат и вина со помалку од 8,5% алкохол.

Оваа најава веќе предизвика револт во некои земји, додека Италијанците се најгласни во одбивање на можноста да се деалкохолизираат вината, како што е називот на новата категорија, за да се изедначи со вината направени по традиционална метода и без намалување на процентот на алкохол.

Фото: Freepik