Во светот годишно се фрла храна вредна 940 милијарди долари

18

frlena hrana

Околу една третина од вкупната количина на храна во светот се расипува или се фрла поради оштетување при транспорт, а достигнува вредност до 940 милијарди долари годишно на глобално ниво, покажуваат податоците на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство.

Новиот глобален стандард за мерење на загубите и фрлањето на храна ќе им помогне на земјите и компаниите да ги зголемат напорите за поефикасно складирање, транспорт и употреба на храната, пренесува Reuters.

Стандардот е сет од меѓународни прописи и обврски на деловните субјекти, владата и другите организации да известуваат за мерењето и управувањето со загубите и фрлањето на храната, со цел да се намалат овие појави на глобално ниво.

Овие напори треба да резултираат со насочување на вишокот на храна кон околу 800 милиони потхранети луѓе во светот, како и намалување на штетните емисии на гасови што се ослободуваат од остатоците од храна. Нивниот придонес во вкупните климатски промени е околу 8%.