Вратени 25 милиони евра од државни хартии од вредност во стопанството

10

Министерството за финансии, по основ на доспеани за враќање државни хартии од вредност, врати вкупна сума од 2,8 милијарди денари, стои во соопштението.

“Вчера, Министерството на аукција продаде државни записи во вредност од 1,28 милијарди денари. Со ова Министерството за финансии ја намалува задолженоста по основ на државни записи за 25 милиони евра, но што е уште побитно, пушти 25 милиони евра свежи средства во стопанството за подобрување на ликвидноста – пари кои банките ќе можат да ги пласираат како кредити на фирмите“, стои подолу во соопштението на Министерството за финансии.