За девет месеци добивка од 60,3 милиони денари за Реплек

20

replek

Акционерското друштво Реплек во период од девет месеци од оваа година работеше со добивка од 60.342.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компаијата прикажа добивка од 68.155.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се во висина од 604.110.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 311.303.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 292.807.000 денари.

Во првите девет месеци од 2014 година, компанијата реализираше 897.224.000 денари приходи од продажба, од кои 640.233.000 денари на домашен, а остатокот од 238.991.000 на странски пазари.