Заваровалница Триглав ќе исплаќа дивиденда од 56,8 милиони евра

15

triglav

На 42-то собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го поддржаа предлогот на управата и Надзорниот одбор, за дивиденда да се намени дел од акумулираната добивка, во висина од 56,8 милиони евра, односно 2,50 евра бруто по акција, стои во соопштението.

Собранието на акционери  беше запознато со годишниот извештај за 2016-та година, даде разрешница на Надзорниот одбор и управата на друштвото за деловната 2016-та година и именуваше нови членови на Надзорниот одбор, како претставници на акционерите.

На собранието на Заваровалница Триглав акционерите го поддржаа предлогот на управата и на Надзорниот одбор на компанијата за користење на акумулираната добивка за 2016-та година. За дивиденда е одреден дел од акумулираната добивка во висина од 56,8 милиони евра, односно 2,50 евра бруто по акција, што претставува 69% од консолидираната нето добивка на Групација Триглав за 2016-та година. Усвоениот предлог за поделба на акумулираната добивка на Заваровалница Триглав го зема во предвид постоечкото и очекуваното движење на адекватноста на капиталот на Групацијата, според капиталните модели на S&P и Солвентност II, како и според насоките на Групацијата Трилав.

Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав ги запознаа акционерите со годишниот извештај на Групацијата и на Заваровалница Триглав за деловната 2016-та година. Во согласност со стратешките насоки, Групацијата успешно ја одржа финансиската стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето. Групацијата, 2016-та година ја заврши со добивка повисока од планираната, ја задржа водечката позиција на словенечкиот пазар и во регионот Адрија и втор пат по ред оствари раст на премија и доби подобрени рејтинзи (од »A-» на »A«).

“Благодарам на акционерите за искажаната доверба. Работењето на групацијата Триглав во изминатата година беше добро, особено ако се земат во предвид тешките услови на финансиските пазари и високиот степен на конкурентност на нашите осигурителни пазари. Друштвото, врз овие темели и земајќи ги во предвид критериумите на политика за управување со капиталот ќе може да исплати соодветно висока дивиденда. Во 2017-та година влеговме со нова стратегија, поставувајќи цврсти темели за успешно работење во насока на градење на современа, иновативна и динамична осигурително- финансика групација“, изјави Андреј Слапар, претседател на управа на Заваровалница Триглав.

Сопствениците на собранието именуваа нови членови на Надзорниот одбор, бидејќи на 12.06.2017-та година истекува мандатот на досегашните членови на Надзорниот одбор, претставници на акционерите, Дубравко Штимц, Марио Гобба, Грегор Рок Кастелиц, Рајко Станкович и Матија Блажич. Собранието, за нови членови на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, претставници на акционерите, ги именуваше Наташа Дамјанович, Жига Шкерјанц, Марио Гобба, Андреј Андољшк и Милан Томажевич. Нивниот мандат стапува на сила од 13–ти јуни, 2017-та година