Зголемен бројот на работници во индустријата во јануари

13

Раст од 3,5% има кај бројот на работници во индустријата во јануари оваа година, во споредба со истиот период претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2015 година, во однос на јануари
2014 година, бележи опаѓање од 3,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,4%, а во
секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9%, Капитални производи за 30,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.