Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември

14

industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември оваа година е за 0,3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на ноември 2016 година е зголемен за 1,6 процентни поени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2017, во однос на октомври 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети во однос на октомври 2017 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2017 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на ноември 2016 година. Се очекува бројот на вработени незначително да порасне.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2017 година изнесува 66,6% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21%, недостигот на квалификувана работна сила со 20,3%, недоволната домашна побарувачка со 18,4% и неизвесното економско опкружување со 11,6%.