Зголемен прометот во трговијата на мало во декември

32

Во трговијата на мало, во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, гледано по групи и класи, според Државниот завод за статистика, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 10,4%, а реално за 9,1%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 23,3%, а реално за 24,1%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 17%, а реално за 16,7%).

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 6,4%, а реално за 11,6%).

Фото: Pexels