Зголемени цените на угостителските услуги во јули

68

Цените на угостителските услуги во јули 2021 година, во споредба со јуни 2021 година, се зголемени за 0,1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во јули 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,5%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3%, додека во однос на декември 2020 година се зголемени за 0,1%.

Фото: Pexels