Зголемено индустриското производство во ноември

10

Фото: Pixabay

Индустриското производство во ноември оваа година, во споредба со исиот период лани, е зголемено за 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст од 6,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4,2%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 4,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,5%, Капитални производи за 7,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7%.

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, е зголемено за 5,2%.