ЗК Пелагонија од Битола прокнижи позитивен финансиски резултат од 4,6 милиони денари

25

zk pelagonija

Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.646.000 денари во 2014 година, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно компанијата оствари добивка во висина од 110.156.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2014 година изнесуваат 1.105.232.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 1.008.041.000 денари, додека остатокот од 97.191.000 денари се реализирани на странски пазари.