Зошто висината на платата е тајна?

149

Секој вработен сака да биде платен за трудот, енергијата и времето што ги поминува работејќи. Кај вработените во приватниот сектор постои веројатност платата да се смета како тајна и да не смее да се комуницира со останатите колеги.

Постојат две основни причини поради коишто висината на платата и евентуалниот бонус ги знаат само вработениот и неговиот работодавач: прво затоа што на тој начин се заштитуваат личните податоци на вработените, а како второ се избегнува ривалитет и меѓусебно споредување.

Многу често се случува, кандидат за работно место да го добие прашањето за висина на платата на своето интервју. Но, само оние кои ќе влезат во последниот круг добиваат конкретни износи на тоа колкава би им била почетната плата и со каква динамика би се зголемувала.

Секој вработен може да биде или објективен или субјективен кога се работи за висината на платата. Па така, оние објективните реално ги согледуваат своите предности и недостатоци и се свесни за својата вредност. Но, има и такви кои се прилично гласни кога треба да се бунтуваат за платата, ама кога треба да се сработи нешто буквално “исчезнуваат“.

Истото се случува и со работодавачите, кои имаат безброј давачки, па понекогаш им е најлесно да посегнат по платата на вработените. Затоа, постои начин како да се дојде плата што ќе ги задоволи двете страни. Висината на платата зависи од видот на работата, годините искуство и стажот, како и други дополнителни детали.

Фото: Pexels