Арцелор Миттал (ЦРМ) со загуба од над 769 милиони денари

12

 

arcelormittalКомпанијата Арцелор Миттал (ЦРМ) евидентираше загуба од 769.778.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во 2013 година, компанијата прикажа негативен финансиски резултат од 539.958.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата во 2014 година беа на ниво од 4.881.293.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 747.309.000 денари, додека поголемиот дел отпаѓа на реализација на странски пазари – 4.133.984.000 денари.