Бесплатни велосипеди за “возење” реклами

42

reklama

Компанијата Buzzbike со седиште во Лондон, има интересен бизнис модел: сите што сакаат бесплатен велосипед, можат да го добијат, но под еден услов – велосипедот треба да биде брендиран.

Во соработка со Cooper, Buzzbike им нуди на жителите на Лондон бесплатен велосипед со кој мора да одат на работа најмалку 12 дена во месецот и да го паркираат на улица (на видно место). Корисниците на велосипедите се обврзани да користат апликација за брендовите да имаат пристап до податоци.