Добивка од 1,4 милиони денари за Факом во 2014

10

fakom

Компанијата Факом прикажа добивка од 1.410.000 денари во 2014 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи, објавени на Македонска берза.

Факом во текот на претходната 2013 година оствари добивка во висина од 1.254.000 денари.

Приходите од продажба на компанијата во изминатата година беа на ниво од 1.028.208.000 денари од кои на домашен пазар се остварени 602.684.000 денари, додека остатокот од 425.524.000 денари е реализиран на странски пазари.