Добивка од 1,5 милијарди денари за Стопанска банка

19

stopanska-banka-logo

Стопанска банка минатата 2014 година евидентираше добивка од 1.512.279.000 денари, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

“Во 2014, годината кога Стопанска Банка АД Скопје ја прослави својата 70-та годишнина, го оствари најголемиот профит, во исто време обезбедувајќи силна капитална и ликвидносна позиција и одржување на квалитетот на кредитните портфолија на многу прифатливи нивоа. Како и секогаш, сите стејкхолдери (клиентите, вработените, акционерите и.т.н.) ги користат овие бенефиции, кои се резултат на адекватна и одржлива бизнис политика насочена кон поддршка на клиентите, базирана на примена на најдобите банкарски пратктики, почитување на пазарните принципи, имплементација на иновативни производи и услуги, прудентно управување со ризиците и ефикасна контрола на трошоци. Следејќи го истиот модел, Стопанска Банка АД Скопје, како маркет лидер во најбитните сегменти на локалното банкарство, ќе го  продолжи својот курс и во иднина, придонесувајќи најмногу во развојот на банкарскиот сектор и економијата во целост“, се наведува во Коментарот на финанасиските извештаи.

Една година претходно, банката прикажа добивка од 989.945.000 денари.

Нето приходите од камата на банката, во 2014 година, беа во висина од 3.130.534.000 денари, додека една година претходно на ниво од 2.798.162.000 денари.