ДЗС: Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар 

20

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,0% на месечно ниво, а повисоки за 0,4% на годишно ниво.

Во јули 2016, во споредба со јуни 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,0% и Енергија за 0,2%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во јули 2016, во споредба со јули 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 7,5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,8%, Енергија за 1,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.