Јакна за велосипедисти што ги прави видливи за автономните возила

36

Филип Сивек, студент по дизајн од Канада, создаде иновативна јакна, чија цел ќе биде зголемување на безбедноста на велосипедистите на улиците низ коишто ќе поминуваат автономни возила.

Оваа иновација ќе им помогне на велосипедистите да бидат безбедни, бидејќи кога на улиците ќе се најдат автономни возила, може да им биде загрозен животот. Затоа, потребно е соодветно да бидат обележани велосипедистите за да можат автономните возила да ги “видат“.

Сивек создаде прототип на јакна која на себе има високофреквентна површина во облика на 2D бар код. Кога возилото ќе го осветли велосипедистот во оваа јакна, неговите камери ќе добијат јасен сигнал, низ дигитален код што е видлив од сите страни, дека станува збор за велосипедист на патот.

Фото: Philip Siwek