Тиражот на магазинот Closer, кој прв објави за тајната врска на францускиот претседател со познатата актерка, пораснал за 134%.
Целта со овие мерки е да се ограничат трошоците според финансиските планови на Светата Столица, за да нема отпуштања.
Европската инвестициска банка (ЕИБ) од вчера ги замрзна активностите во Украина откако 26 луѓе загинаа во немирите во Киев.
Siemens Venture Capital ќе инвестира во млади, иновативни фирми кои развиваат технологија на подрачје на автоматизација на производството и други технологии кои можат да го "трансформираат" стандардното производство.
Германската канцеларија за борба против картели ги казни трите најголеми произведувачи на шеќер со 280 милиони евра поради местење на цените.
Во истражувањето е нагласено дека жителите на Унијата, главно, преферираат да праќаат кратки пораки наместо да разговаат на телефон додека се во странство.
Кадифени играчки, украси, магнети и останати сувенири веќе и донесоа на Организацијата на Зимските олимписки игри во Сочи преку милијарда долари.
Швајцарската компанија Nestle плати 3,6 милијарди долари за да преземе целосна контрола врз Galderma, дерматолошки бизнис кој ја подмладува кожата и подготвува третмани за акни, псоријаза и рак. Шведската Galderma ќе стане дел од дивизијата позната како Nestle Skin Health SA.
Глобалната компанија Coca Cola вчера го претстави новиот бренд Finley, кој ќе се појави во април на пазарот во Франција.
Велика Британија ќе ја предупреди Шкотска дека нема да може да биде во валутната унија со остатокот од Обединетото Кралство и да ја задржи фунтата, доколку на референдумот во септември изгласа независност.
Вратата на Торглер се уште е во фаза на прототип, а ја има во стаклена, челична и дрвена варијанта.
Deutsche Telekom објави денеска дека ќе плати 828 милиони евра за потполна контрола над чешката подружница T-Mobile Чешка. За трансакцијата нема да треба регулаторно одобрување.
Фирмите во турска сопственост во Европската унија остваруваат приход над 50 милијарди евра и обезбедуваат 700.000 работни места, изјави министерот за европски прашања, Мевлут Чавушоглу, пренесува Заман.
Искуствата за корупција се разликуваат во сите 28 членки од блокот земји во ЕУ. Според извештајот, скоро сите компании во Грција, Шпанија и Италија веруваат дека корупцијата е распространета, а се смета за ретка појава во Данска, Финска и Шведска.
Џенкинс можеше да добие бонус од 2,7 ​​милиони фунти. Ова е втора година како се откажува од бонус откако стана извршен директор во август 2012 година, пишува Ројтерс.
Француската компанија Renault го прекина производството на моделот Fluence ZE во погонот во Турција, поради лошата продажба и банкрот на партнерот кој ги доставуваше батериите, израелската Better Place.
Конструкцијата е висока 220 метри, може да генерира осум мегавати и со енергија да снабдува 7.500 просечни европски домаќинства.
Германската агенција за заштита на пазарната конкуренција вчера извести дека покренала истрага против германските железници за да се провери дали оваа национална компанија ги крши правилата за слободна конкуренција кога е во прашање продажбата на билети на конкурентски фирми.
Во Велика Британија наскоро пушењето цигари во автомобили во кои се возат деца би можело да биде илегално, доколку помине предлогот на лабуристите.
Турската централна банка за денеска свика итен состанок на одборот за монетарна политика, поради загриженоста од силниот пад на лирата во однос на еврото и доларот.
Сумата за продажба не е позната, но вредноста на социјалната мрежа е проценета на 3-4 милијарди долари.
Европската комисија поднесе жалба против Словенија затоа што не го испочитувала рокот да ги отстрани и санира двете незаконски депонии со висока содржина на тешки метали, непосредно во близината на Цеље, кои се закана за здравјето на луѓето.
Француската банка Credit Agricole објави дека се договорила со бугарската банка Corporate Commercial Bank да потпишат договор за продажба на својата бугарска филијала, пишува Ројтерс. Договорениот износ не е објавен.
Германскиот концерн Volkswagen планира да инвестира преку 500 милиони евра во изградба на нова фабрика во Полска. Во фабриката ќе се произведуваат Crafter комбињата, откако VW ќе го раскине партнерстовото со Daimler.